НОВО ЧУДО ОД КИНА: Отворен најдолгиот прекуморски мост на светот (ФОТО+ВИДЕО)

Претседателот на Кина Си Џинпинг го отвори најдолгиот мост над морето во светот, што ги поврзува Хонг Конг и Макао со градот Џухај во Кина.

Церемонијата на отворање се одржа во јужниот дел на провинцијата Гуангдонг во Кина, објави кинеската телевизија.

На свечената церемонијата присуствуваа највисоките функционери и 700 гости.

Преминот над морето е тежок од 400.000 тони е дизајниран да издржи земјотрес од 8 степени и најсилните тајфуни.

Неговиот животен век се проценува на 120 години.

Изградбата на мостот почна во 2009 година и се планираше да заврши во 2016 година, но проектот се соочи со низа проблеми како: корупција, намалување на буџетот за изградба, бури …..

Мостот ќе биде отворен за сообраќај во среда. Тоа ќе го намали времето за патување помеѓу Хонг Конг и Јуџуи од три часа на 30 минути.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.