Изградба на јавно осветлување на две нови локации и тоа на ул. ,,Архимедова“ со должина од 150 метри при што се поставуваат 6 столба со модерни енергетски ефикасни светилки и инвестиција од 200.000 денари, како и на ул. „Тетовска“ со должина од 270 метри при што се поставуваат 5 столба со модерни енергетски ефикасни светилки и инвестиција од 180.000 денари. Исто така е обновен и крстот на Марковите кули со ново светлечко црево кое редовно се заменува и одржува. Со отпочнување на изградба на комуналната и патната инфраструктура за уредување на типизинарана населба „Градина“ во близина на типските куќи потпишан е договор за изведба на кабловска инсталација за јавно осветллување во износ од 900.000 денари кој ќе се реализира за скоро време. Изградбата е согласно програмата за комунално уредување на општина Прилеп, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината.