По Париз, од март и германскиот град Кобленц ќе применува нови цени за паркирање врз основа на големината на возилото.
Од март се воведува основна сума од 23,40 евра годишно (0,45 неделно) што се множи со променлив фактор врз основа на димензиите на возилото.
За разлика од Париз, новите цени ќе важат главно за жителите на градот.
„Кој сака да паркира теренец во француската престолнина, од септември ќе треба да плати 18 евра на час. Шест часа паркирање во Париз би требало да чини 225 евра“, пишува „ХАК“.
Париз ги договори тие стапки по референдумот. Новата тарифа не важи за жителите на Париз, туку само за луѓето кои доаѓаат во градот однадвор.
Организацијата за заштита на животната средина „ДУХ“ смета дека ова е добра идеја и заедно со организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“ и Здружението за заштита на животната средина и природата (БУНД), повикаа на слични правила за поголемите германски градови.