Ново поскапување на горивата во Македонија

gorivo (1)

Нов рекорд за 2016 година достигна цената на нафтата во средата на светските берзи. Американската „лесна“ нафта, во средата поскапи за 35 центи на 45 долари по барел, додека северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува и во Македонија тргувањето го заврши на ниво повисоко за 37 центи односно 46,81 долар за барел.

Ваквото движење на цените на светските берзи значи дека не чека значително поскапување на нафтените деривати во малопродажбата.
Последната корекција Регулаторната комисија за енергетика ја изврши на 18 април, кога бензините поскапеа за половина денар и за 1 денар, додека цената на нафтата остана непроменета. Тогаш просечната цена врз основа на која се вршеа пресметките беше 39,9 долари за барел, а во моментов цената е за скоро 7 долари по барел повисока.
Следната корекција на цените ќе биде на 3 мај, во вторник а новите цени ќе важат од среда на полноќ. Со оглед на движењата на светските берзи се очекува позначително поскапување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.