НОВО ОТКРИТИЕ: “Слепото црево” не е бескорисно – Тоа е многу важен орган

slijepo_crijevo-696x398

Една од првите работи кои ги учиме на часовите по биологија е тоа дека човечкиот организам има органи без функција како што се: слепото црево, умник – кои во еволуцијата престанале да ни бидат од корист, бидеќи сме се прилагодиле на новиот начин на живот.

Меѓутоа, американски научници неодамна потврдија дека слепото црево не е бескорисно. Слепото црево е многу повеќе од “темпирана бомба” во организмот.

Новото истражување покажа дека слепото црево служи за вршење многу важни биолошки функции. Тоа помага да се држи под контрола имунолошкиот систем. Неговата функционалност ги збунила научниците.

Истражувањето чии резултати беа објавени претходната седмица, покажува дека слепото црево нема никаква врска со варењето, туку е секундарен имунолошки орган, односно “складиште” за цревните бактерии.

Ф.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.