Денес 27.12.23 во раните утрински часови (03:14 часот) лицето А.Д(56) од Прилеп пријавил во полициска станица дека неговото возило “ауди,, со прилепски регистарски паркирано на ул. “Битолска” во Прилеп ознаки било опожарено.
ТППЕ од Прилеп го изгаснале пожарот, а увид извршиле увидната екипа од ОВР Прилеп.
Ова е четврти случај на опожарено возило во Прилеп во изминатите две недели. Пред неколку дена полициски службеници уапсија две лица за случај со опожарено возило на ул. “Киро Базерко”.