Објавен е трејлерот за филмот “Мумија” во кој главната улога ја има Том Круз.
Станува збор за четврто продолжение на авантуристичката акција “Мумија”, а партнерка на Том Круз е младата француска актерка Софија Бутела.
Во филмот на режисерот Алекс Курцман улога имаат и Анабел Валис, Џејк Џонсон, Кортни Б. Ванс и Расел Кроу.