Мирослав Мирчески ја освои наградата “Војо Стојаноски” на Гоце Фест, со што воедно ја однесе победата на фестивалот. Неговата песна “Македонски Гордоoди” ја доби и наградата за најдобар аранжман.
Младиот и талентиран пејач, Мирослав Мирчески е победник на овогодинешното издание на “Гоце Фест”. Тој за првпат настапи на овој фестивал и интересно е тоа што со неговата харизматична појава, прекрасен глас и одлична песна, веднаш ги освои симпатиите кај публиката.
Неговата песна “Македонски Гордооди” ја доби првата награда “Војо Стојаноски”, односно наградата од публиката за најдобра песна на фестивалот.
-Се гледа дека публиката се воодушеви од мојот настап, а кога сме кај насловот на песната “Македонски Гордооди” можеби ќе ви звучи малку чудно. Но, самата песна уште кога го прочитав текстот одма реков, таа песна ја снимам бидејќи навистина ме погоди песната. “Македонски Гордооди” раскажува приказна, дека македонската историја била мачна и многу тешка, но сепак македонците сите овие векови, сите мачни векови останале горди и си продолжуваат по патиштата Македонски Гордооди – истакна Мирослав во интервју за ИН ТВ, после неговиот настап.
Инаку, текстот за песната го напиша Зора Спироска од Кичево, музиката е дело на Мирослав, а аранжманот го направи маестро Златко Миладиноски.
Покрај првата награда од публиката, песната “Македонски Гордооди” ја освои и наградата за најдобар аранжман.
Оваа песна и наградата од публиката која е најбитна за еден пејач е отскочна даска за Мирослав во музичките води, а за ова име и овој млад музичар кој што ја негува исклучиво македонската песна, веруваме дека во иднина уште многу ќе се слуша.