Ново интервjy, нов биcep на премиерот: “Бугарите биле окyпaтopи, но на крајот испадна дека и Бугарија е окупиpaна”

Моја должност како премиер е да ги правам првите чекори во снегот и да ги пробивам патиштата, и тоа го правам. Никогаш не се каам за тоа што сум го кажал во интервјуто за бугарската БГНЕС, но жалам за извитоперени работи, посочи премиерот Зоран Заев во „Само интервју“.

Јас никогаш не кажав дека Бугарија ја администрирала Македонија, туку администрацијата во Бугарија, односно тогашната власт, одлучила да влезе во Третиот рајх. Никој не го прашал бугарското население на референдум дали да влезе заедно со фашиститите – рече Заев.

На прашањето дали Бугарите биле окупатори или не, премиерот рече дека секако дека биле.

Секако дека биле окупатори. Македонија е окупирана во тоа време, а на крајот испадна дека и Бугарија е окупирана, па се приклучи во антифашистичките војски. Секако, дека тоа е окупација од страна на фашизмот во целиот свет. Но, затоа ние не смееме да му дадеме етничка боја на фашизмот. Не можеме да кажеме дека цела Бугарија е фашистичка, оти тоа не е пријателство – рече Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.