Кожувчанка ДОО, како компанија, во Република Македонија, важи за една од компаниите што секогаш ги следи светските трендови, се надградува и подобрува во поглед на квалитет и новитети.
Брендот Изворска – во еко амбалажа, е со чист, едноставен дизајн, а решението за ребреста амбалажа ја прави лесно рециклирачка за секој корисник.
Изворска, како бренд, покрај пакувањата од 1,5L , 1L, 0,5L, 6L и 10L во ПЕТ амбалажа и 0,33L во стакло, на пазарот сега е присутна и со новата амбалажа од 0,75L ИЗВОРСКА СПОРТ.
Новитетот ИЗВОРСКА СПОРТ од 0,75L има капаче во форма на цуцла, за комплетно спортско уживање и за сите генерации.
Водата е полнета од најчистиот предел, локалитетот Васов град – Кожуф планина, додека компанијата Кожувчанка со нејзините производи е синоним за традиција и квалитет!
Изворска, од природата, за природата!