Прилеп, попладнево со забавно – новогодишна програма за најмладите, започна со прославувањето на Новата 2017 година. Весело, распеано и разиграно беше на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, каде голем број дечиња беа дел од поладневната новогодишна забава со „Јунаците од бајките“ од Народниот театар „Војдан Чернодрински“ и музичката група „Нокаут“, во присуство на познатиот новогодишен лик, Дедо Мраз, кој на сите деца им посака Среќна Нова 2017 година.
Вечерната програма, за претстојниот дочек на најлудата ноќ во годината на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ е предвидена за 22:30 часот, со настапот на групата Белинда и Шило, а веднаш по спектакуларниот огномет на полноќ, следува настапот на диџејското трио „The Mode“, кои се и ѕвезди на вечерта, а за посетителите ќе има греано вино, топла ракија и чај.
Градоначалникот, Марјан Ристески, на сите граѓани им ја честита Новата 2017 година со желби за бериќет, здравје, среќа и просперитет.
За комплетното расположение, на сите прилепчани, кои оваа година, Новата 2017 година ќе ја дочекаат на плоштадот „Методија Андонов Ченто, секако придонесува и новогодишниот амбиент, новогодишните декорации поставени во центарот на градот, кои го прават Прилеп како новогодишна бајка, за незаборавен дочек на Новата 2017 година.