Градоначалникот Марјан Ристески заедно со најголемата радост за децата, Дедо Мраз денеска ги посети сите дечиња од детските градинки „Наша Иднина“, на кои им поделија новогодишни подароци кои ги набави општината за нив. Оваа година тоа беа едукативни сложувалки. За време на средбите градоначалникот Ристески им ја честита Новата година со желби за многу среќа, здравје и благосостојба.
Градоначалникот Ристески на денешните предновогодишни средби ги покани дечињата на дневно-забавната програма каде ќе настапат „Јунаците од бајките“ од народниот театар „Војдан Чернодрински“ и познатата музичка група Нокаут, а возрасните на вечерната програма која ќе започне во 22:30 часот со настапот на познатите музички имиња Белинда и Шило, а веднаш по спектакуларниот огномет, топлото вино и чајче следува настапот на популарното диџијско трио „The Mode“.