Новогодишни пакетчиња за социјално ранливите и згрижувачки семејства, како и за децата на бранителите

6620-novogodishni-paketcinja-za-socijalno-ranlivite-i-zgrizuvacki-semejstva-kako-i-za-decata-na-branitelite-960x600-12

Традиционално како и секоја година, градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, по повод Новогодишните и Божикните празници посети повеќе семејства од социјално ранливите категории, како и семејства кои згрижуваат деца од населбата Варош и заедно со Дедо Мраз им поделија новогодишни пакетчиња.

6620-novogodishni-paketcinja-za-socijalno-ranlivite-i-zgrizuvacki-semejstva-kako-i-za-decata-na-branitelite-960x600-5

6620-novogodishni-paketcinja-za-socijalno-ranlivite-i-zgrizuvacki-semejstva-kako-i-za-decata-na-branitelite-960x600-3

„Во текот на овој период до Божикните празници ќе бидат посетени повеќе социјални семејства во градот и населените места, со што покрај пакетчиња за најмладите на овие семејства ќе им бидат доделени и социјални пакети од страна на локалната самоуправа. Ова е практика која ние како локална самоуправа ја спроведува веќе години наназад. Исто така за Нова година никогаш не се заборавени децата кои се сместени во згрижувачките семејства тука во населбата Варош каде секоја година доделуваме новогодишни пакетчиња заедно со Дедо Мраз. До крајот на годината ќе продолжиме со доделување на новогодишни пакетчиња и на други ранливи категории на граѓани“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

6620-novogodishni-paketcinja-za-socijalno-ranlivite-i-zgrizuvacki-semejstva-kako-i-za-decata-na-branitelite-960x600-15

6620-novogodishni-paketcinja-za-socijalno-ranlivite-i-zgrizuvacki-semejstva-kako-i-za-decata-na-branitelite-960x600-13

„Благодариме на локалната самоуправа и градоначалникот што секоја година не посетуваат пред почетокот на празниците, овие новогодишни колетчиња, како и социјалните пакети многу ќе ги израдуваат нашите дечиња“, рекоа семејствата од социјално ранливите категории, како и семејствата кои згрижуваат дечиња и на сите им посакаа да среќни празници.

Новогодишни пакетчиња во зградата на локалната самоуправа им беа поделени и на дечињата од бранителите, учесници во конфликтот од 2001 година.

6620-novogodishni-paketcinja-za-socijalno-ranlivite-i-zgrizuvacki-semejstva-kako-i-za-decata-na-branitelite-960x600-35

6620-novogodishni-paketcinja-za-socijalno-ranlivite-i-zgrizuvacki-semejstva-kako-i-za-decata-na-branitelite-960x600-19

6620-novogodishni-paketcinja-za-socijalno-ranlivite-i-zgrizuvacki-semejstva-kako-i-za-decata-na-branitelite-960x600-30

6620-novogodishni-paketcinja-za-socijalno-ranlivite-i-zgrizuvacki-semejstva-kako-i-za-decata-na-branitelite-960x600-33

„Вообичаено како и секогаш по повод Нова година и Божик локалната самоуправа на чело со градоначалниот Марјан Ристески ни доделуваат новогодишни пакетчиња за најмладите и во мое име и името на сите бранители им се заблагодарувам за овој чин и на сите им ги честитам претстојните празници“, рече Марјан Михајлоски, претседател на организацијата на резервни офицери во Прилеп.

Градоначалникот Ристески на денешните предновогодишни средби ги покани дечињата во сабота на 31 декември да присуствувата на на дневно-забавната програма на плоштадот во центарот на Прилеп каде ќе настапат „Јунаците од бајките“ од народниот театар „Војдан Чернодрински“ и познатата музичка група Нокаут. Ристески исто така упати и покана до сите прилепчани да присуствуваат на вечерната програма по повод Нова година која ќе започне во 22:30 часот со настапот на познатите музички имиња Белинда и Шило, а веднаш по спектакуларниот огномет, ќе следува настапот на популарното диџијско трио „The Mode“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.