Трговско друштво ЕЛЕКТРО-ТОЧИЛА-ИНЖЕНЕРИНГ увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп, повторно го доби тендерот за новогодишно украсување на Прилеп.
Фирмата и оваа година доставила најповолна понуда во општина Прилеп и веќе ја накити Новогодишната елка во центарот на градот, а започна и украсувањето на градскиот булевар “Гоце Делчев”.
Граѓаните очекуваат новитети и поубава празнична приказна во центарот на градот. Мислењето е дека градот треба да биде украсен, но со оглед на тоа дека се трошат народни пари, фирмата изведувач би било добро да воведува нови работи секоја година.