Нови 7 случаи со кopoнавиpyc во Прилеп: По еден во Долнени и Кривогаштани

Најнови информации со состојбата со кopoнавиpycoт во Прилеп

Денеска во општина Прилеп се регистрирани 7 нови случаи на лица со КОВИД-19 и по еден случај во општините Долнени и Кривогаштани, односно во населените места Заполжани и Боротино;

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица позитивни на коронавирус. Двајца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Четири пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати;

Во самоизолација се наоѓаат 334 лица;

Во текот на изминатото деноноќие, 3 лица не го почитувале полицискиот час, заради што ќе им биде поднесена соодветна пријава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.