Нови 66 лица со Ковид – 19 во Македонија: Во Прилеп 4 нови случаи

Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19. По градови:

– Скопје-10 – Куманово-27 – Штип-3 – Прилеп-4 – Тетово-5 – Струга-4 – Велес-2 – Охрид-5 – Гостивар-1 – Кочани-3 – Неготино-2

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.