Oткако пред две недели објавија оглас за вработување на четири пожapникapи и командир во Територијалната противпожapна единица, денеска општина Прилеп објави оглас за уште 5 нови пожapникapи.
И како минатиот пат, така и сега огласот трае само 3 дена. Објавен е денеска 03.12.(четврток), а завршува во сабота (05.12.)
Основната плата на пожapникapите кои ќе се примат сега ќе изнесува 19,095 денари, а на минатиот оглас основната плата изнесуваше 17,020 денари.
Навистина е нејасно зошто огласите за вработување се пуштаат пред викенд и траат само по 2-3 дена….
Дали ова е начин за да се спречат сите заинтересирани да аплицираат на огласот?
Maхери: Општина Прилеп на “шверцерски” начин вработува преку викенд?