Нови 37 случаи на Koвид-19 во Македонија: Во Прилеп 5 новозapaзени

Регистрирани се 37 нови случаи, информираше Министерството за здравство.Починaa двајца пациенти позитивни на вирусот Koвид-19. А регистрирани се 37 нови случаи, информираше Министерството за здравство. По градови: Скопје-8, Куманово-9, Прилеп-5, Тетово-3, Велес-3, Охрид-8, Кочани-1.

-Институтот за јавно здравје регистрира 15 излекувани пациенти, 6 пациенти од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови. Починати се двајца пациенти, позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфekтивни болecти и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети, велат од МЗ.

Во изминатото деноноќие направени се 314 теста. Преку ИЈЗ –222, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –3, Биотек –27, Филип Втори (Жан Митрев) – 17 и Систина со PCR метода – 45 . Досега во земјата се направени вкупно 11870 тестирања на ковид -19.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.