Во понеделник не чека ново зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Движењето на цената на суровата нафта на светските берзи гарантира дека Регулаторната комисија за енергетика ќе пресмета дека цените треба да одат нагоре.
Во текот на изминатиот двонеделен период цената на суровата нафта стигна на работ на границата од 80 долари за барел за во моментов да се спушти на нивото од 77,5.
За очекување е Регулаторната комисија за енергетика да ја зголеми цената за нешто над 2 денари по литар.
Тоа ќе биде прво поскапување по две врзани намалувања на цената.