Нови успеси по хемија на учениците од ООУ “Гоце Делчев” – Прилеп

Третиот државен натпревар по хемија за ученици од основните училишта се одржа на 6 мај 2018 на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Младите хемичари од ООУ “Гоце Делчев” – Прилеп предводени од наставничката Кети Иваноска, продолжуваат со успесите.

Теодора Петреска втора награда, Елена Мијоска и Делфина Милеска се закитија со трета награда.

Секоја година учесниците на државниот натпревар по хемија добиваат маица со дизајн кој симболизира љубов кон хемијата. Оваа година, Секцијата за хемиско образование при СХТМ организираше награден конкурс за дизајн на маица, на кој секој ученик пласиран на државниот натпревар има право да учествува со своја идеја.

На конкурсот учествуваа 46 ученици, а наградена како најдобра беше идејата на Теодора Петреска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.