Претставници на Германската амбасада и градоначалникот Марјан Ристески денеска присуствуваа, на отварање на новите простории на здружението на инвалидски пензионери. Членовите на здружението на инвалидски пензионери презадоволни за новите простории во кои, ќе можат да се информираат и да играат шах и табла.
Градоначалникот Марјан Ристески на претставници на Германската амбасада им врачи икона со ликот на „Св. Никола“ во знак на долгогодишната соработка, а беше пресечена и дегустирана и тортата од страна на домакините кои несебично се подготвиле за овој, за нив свечен чин.