Нови правила за патување во ЕУ за време на коронавирусот: Ќе се изработува пандемска мапа – се воведуваат 4 категории

Државите членки на Европската Унија вчера прифатиле да ги координираат условите за патување на жителите за време на пандемиjaта kopoнавиpyc. Така е договорено на состаонокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Тоа подразбира изработка на пандемска мапа врз основа на која ќе се донесат мерки за патување, а што се однесува на условите за тестирање и карантин. Усогласенo е дека мерките мора да осигураат слобода на движење, транспарентност за граѓаните и компаниите за да се избегне нарушување на пружањето услуги.

Од Европската Комисија го поздравиле овој договор и напоменале дека граѓаните се соочуваат со многу различни правила и постапки, како и нејасни информации по ова прашање.

Новиот пристап на ЕУ налага воспоставување заеднички критериуми за проценка на ризикот од зараза од кopoнавиpyc за секоја држава и регион поединечно.

Усогласено е дека ризикот се проценува врз основа на бројот на тестирани лица на 100.000 жители во седум дена пред самата проценка, како и бројот на оние кои се позитивни на коронавирусот. Во обзир ќе се земаат и бројот на новозаразени луѓе во последните две недели.

Пандемската мапа е заедничко мапирање на ризични подрачја во ЕУ. Државите и регионите на мапата ќе бидат обележени со зелена, портокалова, црвена и сива боја.

Со зелена ќе бидат обележани ониe држави во кои бројот на новозapaзени е помал од 25 во последните две недели. Со портокалова боја ќе бидат обележани оние земји во кои бројот на новозаразени ќе биде помал од 50 во последните 2 недели, а со оваа боја ќе бидат обележани и држави и региони во кои бројот на новозapaзени е меѓу 25 и 150.

Со сива боја ќе бидат обележани земјите за кои нема доволно информации за процентот на ризик, а со црвена ќе бидат обележани високоризичните земји во кои ситуацијата е полоша во однос на другите земји.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.