Нови огласи за вработување во државно се објавени денеска во Прилеп.
На веб страната на Агенцијата за вработување активни се четири огласи за вработување во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп.
Се бараат: еден социјален работник, еден систем оператор, xигиеничар на станбен и деловен простор и самостоен стручен соработник.
Огласите се активни до 18.12.2019 година.
Основната плата за социјален работник изнесува 28,847 денари, за систем оператор 19,586, за хигиеничар 14,500, а за стручен соработник 28,847 денари.