Нови мерки за вработување

IMG_7541

„Да ги потсетиме граѓаните да ги искористат последните неколку дена  и да аплицираат на огласот за 3.000 евра, неповратни средства што ги доделува државата за отворање сопствен бизнис, во опрема и репроматеријал и плус едно дополнително вработување  кое носи уште 1.500 евра преку неповратни средства“, посочи градоначалникот Марјан Ристески на денешната прес конференција.

IMG_7565

Посебно сакам да ги повикам сите заинтересирани млади лица да ја искористат оваа активна мерка бидејќи на неа се надополнува проектот „Македонија вработува“ што значи вработување со ослободување од придонеси во период од 3 до 5 години во зависност од целната група. Нашиот град важи за лидер на добиени грантови. Слободно можеме да се пофалиме по бројноста од 650 лица кои во изминатиот период своето вработување го решиле преку оваа Владина мерка.

IMG_7556

Втора  мерка е „Обука со субвенционирано вработување“„

Во тек е јавен оглас за Обука на работно место со субвенционирано вработување, кој ќе трае до  крајот на 2016 година.

Ова е убава Владина мерка и за работодавачите и за вработените лица во која се вклучува 3+6+12.

По завршување на обуката на работното место, работодавачот е обврзан да ги вработи сите обучени лица за што ќе добие субвенција за вработување во форма на финансиска поддршка за бруто плата во износ од 19.000,00 денари месечно за период од 6 месеци со полно работно време од кои 14.000,00 денари за невработеното лице и 5.000,00 денари ги задржува работодавачот, како надомест за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес. Работодавачот има обврска да го задржи на работа субвенционираниот работник во следните 12 месеци и да не го намали бројот на вработените на неопределено време.

Оваа мерка е дел од Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активните програми и мерки за вработување за 2016 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.