На 22.04.2023 во Скопје во спортскиот центар “Борис Трајковски” се оддржа триесеттото Државно првенство во пинг понг за кадети и кадетки до У-15 години, од каде пингпонгарите на Младост96 Прилеп повторно се вратија со медали.
Иако имаат по 12 години, сепак во повозрасната У15 категорија, кадетите на Младост96 прикажаа одлични игри и заслужено освоија медали.
Мартин Ристески и Давид Јоноски во игра на двојки го освоија бронзениот медал, прикажуваќи мотивираност и голема ангажираност.
Во поединечните натпреварувања беа многу блиску до 1/4 финале, но на крајот не успеаја да влезат во најдобрите 8, каде моментално им е и местото.
Трајче Маркоски кој е на позајмица во градскиот ривал Младост, исто така во игра на двојки со играчот на Берово, Јован Пармачки, го освоија третото место.
Трајче Маркоски се пласира во најдобрите 8, а за влез во полуфинале во одлична игра со 3-2, за жал изгуби од вице шампионот на Државното првенство К.Каламадевски од Берово. Играа уште и Огнен Илиески и Јован Аврамоски.
На 23.04.2023 година се одржаа и 13-то и 14-то коло од Супер лигата. Сениорската екипа на Младост96 сигурно чекори кон зачувување на првото место во регуларниот дел, извојуваќи две сигурни победи со екипите на Берово и Младост со по 4-1.
На двата натпревари играа Ѓорѓе Борчиќ, Петар Костовски и Лука Огненовски. Резерва беше Александар Рикалоски.
Лигата продолжува на 13 и 14 мај, кога завршува и регуларниот дел од првенството, и започнува плеј-оффот, каде Младост96 посакува да ја врати титулата во своите редови.