Реновирани санитарни јазли, кабинет по хемија и отварање на нова училница во подрачното училиште во населено место Селце, денеска беа испромовирани како нови инвестиции во ова основно училиште. Вредноста на оваа инвестиција чини 1.500.000 денари средства обезбедени од Локалната самоуправа. Градоначалникот Марјан Ристески денеска го посети ОУ „Рампо Левката“ и посочи дека Локалната самоуправа и понатаму ќе продолжи да инвестира во образованието.