Нови инвестиции во образованието, Општина Прилеп пример во државата

IMG_2861

Започна реконструкцијата во ОУ „Блаже Конески“. Таа ќе опфати комплетна санација на промена на надворешната столарија, вклучувајќи замена на прозори, врати и подови. Оваа инвестиција чини 3,5 милиони денари средства обезбедени од Буџетот на локланата самоуправа. Во ова основно училиште извршена е целосна реконструкција на ентериерот, се со цел подобрување на условите за изведување на наставата. Градежните активности околу реновирањето на ентериерот на зградата опфатија: поставување на нови бетонски плочи помеѓу катовите, нови подови од линолеум, комплетно малтарење на ѕидови со абрип, спуштање на тавани со плочи од кнауф и поставување на нова електрична инсталација.

2015-11-06-6207

2015-11-06-6221

IMG_2871

Во ОУ „Добре Јованоски“ е поставена металната конструкција на спортската сала која наскоро ќе биде готова и со тоа градот Прилеп ќе ја добе четвртата спортска сала. Градоначалникот Марјан Ристески кој беше во посета на овие две училишта истакна дека општината и понатаму продолжува да инвестира во подобрување на условите во обрзаованието.

 

IMG_4389

IMG_4371

IMG_4381




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.