Во Република Македонија во 2013 година во детските градинки беле згрижени 31.517 деца на возраст до 6 години. Процентот на опфатени деца од 0-6 години изнесувал 11,6%, а во 2006 се зголемил на 22,3% во 2013 година, додека пак во 2016 година се опфатени 27% на деца од 0-6 години. Во 2016 година во предучилишните установи згрижени се 40% од децата на возраст од 3 до 6 години. Во 2016 година во РМ биле згрижени околу 38.400 деца од 0 до 6 години во предучилишните установи.
Општина Прилеп во изминатиот период особено внимание посвети на зголемување на капацитетите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст со отварање на нови објекти наменети за Детски градинки или реконструкција и адаптација на постојни објекти, со што значително се зголеми капацитетот, а со тоа и опфатот на деца од 0-6 години, посочија на денешната прес конференција градоначалникот Марјан Ристески и Христина Трпческа, директорка на градинките „Наша Иднина“.
Реновиран е дел од објектот во градинката во населбата Бончејца. За реализирање на овој проект инвестирани се 7.200.000,00 денари, а направено е и опремување на реконструираниот дел во износ од 600.000,00 ден средства од Локалната самоуправа и ЈОУДГ ,,Наша иднина”. Значи, ЈОУДГ ,,Наша иднина” Прилеп од почетокот на учебната 2013/14 година го зголеми својот капацитет со отворање на 5 нови групи. Три од тие групи се во реновираниот дел на објектот во населбата Бончејца, а исто така, во објектите Гоце Делчев и Тризла се отворија уште по една нова група за прием на деца.
Го преадаптиравме просторот и згриживме 60 деца од предучилишна возраст во објектот од РУ „Пере Тошев“, каде општината вложи 1,5 милиони денари средства од Буџетот на општина Прилеп, за адаптација на просторот и за инвентарот, посочи Христина Трпческа, директорка на градинките „Наша Иднина“.
Еден од приоритетите на Општина Прилеп и на Министерството за труд и социјална политика е обезбедување на современи услови за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и во руралните средини.
Во состав на ЈОУДГ ,,Наша иднина‘‘ работи и објект во Општина Кривогаштани со капацитет за згрижување на 50 деца.
Во општина Прилеп само во последните три години отворени се градинки во руралните места Тополчани, Беровци и Канатларци. Во зависност од периодот во текот на годината нив ги посетуваат околу 60 деца.
Имено во населеното место Тополчани отворена е градинка за која се издвоени 1.200.000,00 ден од Министерство за труд и социјална политика (реконструкција и опремување на просторот) и дополнителни 100.000,00 денари за реконструкција на санитарниот дел, средства обезбедени од Општина Прилеп. Нова градинка во населеното место Беровци каде реализацијата ја чинеше општината 1,5 милион денари за инвентарот и градежните работи, а градинка доби и населеното место Канатларци.
Со цел понатамошно унапредување, подобрување и зачувување на здравјето и поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на децата до 6 годишна возраст, планирано е и понатаму да се инвестира во изградба на детски градинки и адаптација и реконструкција на постоечки објекти во детските градинки во градот и во населените места.
Во меѓувреме ќе се вложат и 3 милиони денари во адаптација на простор за градинка во ОУ „Рампо Левката“ во Прилеп. На Прилеп му е потребна и градинка со голем капацитет која ќе се гради во населбата Точила со што треба да биде решен проблемот со сместување на децата од претшколска возраст, нова градинка ќе има во населбата Рид, а готова е и градинката во н.м Големо Коњари.
Во континуитет ги збогатуваме и обновуваме потребите на градинките „Наша иднина“. Детските градинки добија донација од четири професионални фрижидери донирани од Германската амбасада, нова печињара во централната кујна, клима уреди, јорганчиња за сите деца, преку набавка и донации се зголемува фондот на играчки и едукативни дидактички материјали за децата, столчиња, масички, креветчиња, јоги и душеци. Преку реализација на хуманитарни акции од Советот на родители се обезбедија и средства за реновирање на подовите (стружење и лакирање на паркетот), во објектот во населбата Вишне, во објектот во „Гоце Делчев“ цели 3 занимални и 3 занимални во објектот „Бончејца“. До сега, извршено е реновирање на санитарни чворови и тоа: во објект „Бончејца“ целосно, во објектот во населбата Тризла, во едно крило во објектот „Гоце Делчев“ и 2 тоалети во објектот „Вишне“.
Во ЈОУДГ ,,Наша иднина‘‘ Прилеп се реализира и проектот ,,Инклузија на деца Роми во предучилишните установи во РМ‘‘ од 2008 година. Преку овој проект на почетокот биле згрижени 12 деца од Ромска националност, но денес таа бројка е зголемена на 30 деца.