Според најновите измени на Законот за спречување перење на пари и финансирање тероризам, кои неодамна беа објавени во Службен весник, од утре започнува забрана за плаќање во готово на стоки и услуги во износ над 2.000 евра во денарска противредност.
Претходно, лимитот за плаќање во готово беше 15.000 евра.
Од 1 јануари 2019 година износот за плаќање во готово ќе се намали на 1.000 евра, а од 1 јуни в година тој износ ќе се намали на 500 евра во денарска противвредност.
Забраната важи за плаќањата на физичките и на правните лица.
Примената на оваа законска забрана, која се прави со цел да се намали сивата економија во земјата, ќе ја контролира Управата за јавни приходи.