По завчерашното потпишување на повеќегодишни договори со доскорешните свои фудбаалери:Дунимаглоски, Наумоски, Шаркоски и Петрески, прилепска Победа продолжува со комплетирање на играчкиот ростер за прволигашките искушенија.Фудбалерите од одбраната која прими најмалку голови во Втората лига (само 23 на 27 натпревари), ги обновија договорите со нашиот клуб.
На верност кон Победа се обврзаа стоперите: Александар Крстески и Валентин Колевски, левиот бек Даниел Котески, додека стоперот Дарко Илиески, кој тренираше со нашиот клуб цела пролет е првото официјално засилување на клубот. Многу значајно за нас е што потпис на повеќегодишен договор со Победа стави и и еден од најперспективните голмани во Македонија Даниел Котевски, кој има само 16 години.
Од одбранбената формација останува уште Денис Димитриоски, кој исто така деновиве ќе стави потпис на неколкугодишен договор со Победа, додека со останатите фудбалери сеуште се преговара.
“Со ова продолжуваме со креирање на костурот на тимот за наредната сезона, како и преговараме со играчи кои значително би не засилиле во сите линии на тимот”, изјави претседателот на Победа д-р Гоце Ингилизов.
Во очекување на официјална потврда од ФФМ за календарот на натпревари за новата сезона, Победа стартот на подготовките за повратничкиот прволигашки шампионат го закажа за 20-тти јуни.