Амбасадорот на Русија во Турција, Андреј Карлов е тешко ранет во напад со огнено оружје за време на отворање изложба на фотографии во Анкара, јавија турски медиуми.
Карлов е префрлен во болница, а во нападот се ранети уште неколку лица, јави Си-Ен-Ен Турк.
Нападот се случил на изложба со наслов „Русија во очите на Турците“.
Руски претставници изјавиле за весникот Хуриет дека нападот го извршиле најверојатно радикални исламистички терористи.