ЈП Пазари доби нови деловни простории. Станува збор за деловен простор од околу 80 метри квадратни, со вредност од 2 милиони и 800 илјади денари.,„Во тек е изградбата и на нови дуќани на површина од околу 50 метри квадратни, инвестиција вредна 2 милиони и 200 илијади денари , а веќе ЈП „Пазари“ има проект кои ќе се реализира наредната година за нови дуќани на пазарот со површина од околу 200 метри квадратни.-истакна директорот на ЈП Пазари ,Пецо Димоски
„Градскиот пазар отсекогаш престаува срце на градот и показател за локалната економија и затоа локалната самоуправа постојано вложува во модернизиција на градскиот пазар и подобрување на условите за работа ,и на оние кои секојдневно, тука, ги нудат своите земјоделски производи, но и на оние кои го посетуваат и купуваат, посебно во пазарните денови, кога доаѓа пазарџии од населените места, но и од другите градови на Македонија “рече градоначалникот на Прилеп,Марјан Ристески.
Градскиот пазарот во Прилеп пред 10 година беше во рунирана состојба, постојано опкружен со смет и ѓубре. Денска престаува еден од најмодерните пазари на отворено во Р. Македонија, со неговото покривање и партерно уредување .
Паралелно со уредувањето на градскиот пазар, партерно и инфраструктурно се уреди и околу пазарот, со што прилепчани добија попристапен градски пазар.
Се заврши инфраструктурното уредување на пешачката зона на плоштадот „Пере Тошев“,на улица „Републиканска“,која доби бекатон плочки, канделабри, клуп за одмор, инсталирана е водоводна,канализа циона и електрична мрежа.
„Вкупната вредност на овој инфраструктурен зафат од 1.400 метри квадратни површина, е два милиони и 800 илјади денари , средства издовени од буџетото на локалната самоуправа„ – истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески
Воедно, на овој дел од центарот на градот асфалтирана е и реконстуирана улицата која го поврзува „Републиканска“ и Кеј „1-ви Мај„ кај новиот трговски центар кој е и со катната гаража во близина на пазарот, во должина од 250 метри, чија вкупната вредност е околу 3 милион денари, средства издвоени од буџетот на локалната самоуправа.