На 6 декември 2025/сабота/ од 19.00часот во кино “Мис Стон” во Прилеп ќе биде прикажан филмот „Утре наутро“. Влезниците за проекцијата се во продажба на билетарницата од киното денес /четврток/ и утре/ петок/ од 10 до 13.00 часот и од 17 до 19.00 часот и в сабота еден час пред проекцијата.
„Утре наутро“е македонски долгометражен филм од 2025 година, по сценарио и режија на Јани Бојаџи. Филмот претставува моќна и емотивна приказна за човечките избори, последиците и внатрешните судири меѓу личната вистина и притисокот на општеството. Проектот е реализиран истовремено и како филм и како мини-серија од 5–6 епизоди. Во центарот на приказната се две жени – млад лекар и сопруга на поранешен премиер – кои се обидуваат да избегаат од стегите на американската влада и европските дипломати. Во атмосфера на политичка игра, притисоци и моќ, тие се борат за опстанок во мала земја во источна Европа.
Улоги: Нина Деан, Ирена Илиевска, Кети Дончевска-Илиќ, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев и др.
























