Новиот тренер на РК Прилеп со искусните Велески и Бикоски, како и повеќемина новајлии ги започна подготовките за новата сезона (ФОТО)

РК Прилеп вчера стартуваше со првите подготовки за претстојната сезона 2023/24 на чело со новиот тренер на клубот Божидар Мојсов.

Со неколку воведни зборови за среќен почеток и успешен пласман за оваа сезона започна нашиот прв тренинг на кој присуствуваше управата на клубот, претставници на генералниот спонзор Комфи Ангел, а успешна сезона им посака и градоначалникот Борче Јовчески.

На самиот тренинг беше презентиран и ростерот на новодојдените играчи и тоа: Драган Јелушиќ, Томче Трајчевски, Никола Цветаноски, Пеце Рајатоски, Владан Кастратовиќ,Давид Ацевски, како и Јован Соколоски заедно со Михаил Ангелески кои се вратија во Прилеп од редовите на екипата на Еурофарм Пелистер од младинските категории.

Мотивирани, полни со елан и ентузијазам стартуваме и оваа сезона со амбиции за добра позиција во плеј-офот.
Подготовките во наредниот период ќе се одвиваат во рамките на нашиот град, со неколку пријателски натпревари со екипи од Суперлигата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.