Најновиот кружен тек во центарот на Прилеп го добива својот конечен изглед. По уредувањето и обележувањето на коловозните ленти, попладнево во средината на кругот е поставена мермерна статуа.
Засега не е познато дали е ова конечниот излгед на ова сообраќајно решение, или станува збор само за привремено решение.
Инаку, кружниот тек на раскрсницата кај Центарот за култура “Марко Цепенков” е само еден од неколкуте планирани во програмата на градоначалникот Борче Јовчески. Со финансиска поддршка од Владата се планира во наредниот период да се изгради и долгоочекуваниот кружен на мостот “Табана”.