Денеска го посетив Тутунскиот комбинат – Прилеп, каде остварив средби со новиот Генерален извршен директор, Александар Алексовски и неколку членови на одборот на директори на комбинатот – напиша на ФБ заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.
-Од новиот менаџмент ме информираа дека работат на финансиска консолидација на компанијата, како и дека се подготвени за новиот откуп на тутунот кој започнува од наредната недела.
АД Тутунски комбинат Прилеп е со над 80% државна сопственост, се бави со производство на цигари, преработка и продажба на обработен тутун и е една од најважните компании за економскиот развој на државата и овој регион. АД Тутунски комбинат Прилеп е компанија која има стратешко партнерство со светскиот гигант во оваа исдустрија Филип Морисон Интернешнл (ФМИ) од 2014 година.
Александар Алексовски е најмладиот генерален директор во историјата на оваа компанија и се надевам дека позитивно ќе одговори на овој нов професионален предизвик и ќе биде една успешна приказна за комбинатот. Му посакувам многу успеси на новата позиција, се надевам дека ќе придонесе за развој на оваа гранка и дека ќе воведе нови вредности во менаџирањето на комбинатот – напиша Ристески.
Инаку, новото раководство на Тутунскиот Комбинат и новиот Генерален директор Алексоски беа избрани на Генерално Собрание пред десетина дена. Алексоски на оваа позиција дојде од компанијата Гентерм, а во меѓувреме беше и Советник во Советот на општина Прилеп, каде се задржа само две седници. Од него граѓаните имаат огромни очекувања, пред се тутунарите кои бараат повисоки откупни цени на жолтото злато, а останатите граѓани очекуваат разрешување на сите сомнежи за сторен криминал од претходните раководства. Ќе може ли Алексоски со само 34 години да ги разјасни сите дилеми, останува да видиме.