Еден од четирите нови автобуси на метан кои Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање при општина Прилеп неодамна ги набави, според нашите информации од очевидци синоќа имал дефект.
Според информациите автобусот застанал во место вчера вечерта околу 20:00 часот и ја поминал ноќта на улицата “Мице Козар”, а откако денеска бил ставен во функција одново застанал кај автобуската постојка кај “Палма шоп”.
Четирите автобуси вредни околу 1 милион евра, претпријатието ги презентираше заедно со премиерот Зоран Заев неодамна во центарот на Прилеп.