Шпанска ТВ-новинарка која во пренос во живо на колегите во студио им рече „Дечки, утре не доаѓам на работа“ држејќи во рака добитно лото ливче, доби само дел од вкупната добивка.
Наталија Ескудеро, која работи за државната телевизија RTVE почна да вреска од радост во живо пред камера кога беше соопштен добитниот бонус број.
„Дечки, утре не доаѓам на работа! Наталија утре нема да работи!“, викаше од радост Ескудеро, но подоцна дозна дека добила само 5.000 евра.
Aquí la tienes: "la reportera de La 1" de la que habla todo el mundo a estas horas. ¡Se llama Natalia Escudero! #LoteríaRTVE
? Directo ➡ https://t.co/pfgTOQpaaN pic.twitter.com/58j3ACuNte
— TVE (@tve_tve) December 22, 2019
Главната награда на Божиќното лото изнесуваше 4 милиони евра, но сумата ја поделија повеќе добитници.
Ескудеро подоцна се извини за начинот на кој изреагирала во преносот во живо. Таа рече дека жали што реагирала толку „емотивно“ и сакаше да им ја објасни својата постапка на гледачите кои се почувствувале „измамено“.
Нејзиното извинување следеше откако јавноста ја осуди дека не се однесувала професионално, а нејзиниот испад вирално се рашири на социјалните мрежи, со што телевизијата стана мета на исмевање.
Ескудеро скокаше од радост додека околу неа се прскаше со шампањ, откако беше соопштено дека добитниот бонус број во Божикното лото, познато како Ел Гордо (Дебелиот), е 26590.
Гледачите ја критикуваа бидејќи оставила впечаток дека таа ја добила максималната премија и дека дава отказ во живо.
Набрзо по преносот во живо, Ескудеро повторно се појави во етерот и направи гестикулација како „става патент“ на устата.
Natalia Escudero, reportera de La Mañana de La 1, que se "ha venido arriba" en directo: "El Gordo, Gordo, no me ha tocado. Pero un pellizco me ha tocado […] Y la lotería de conocer a toda esta gente". https://t.co/PdbwwySsTG #LoteríaRTVE @LaMananaTVE pic.twitter.com/2xIQRJMX8u
— RTVE (@rtve) December 22, 2019
По критиките упатени на Twitter, таа рече дека изминативе неколку месеци ѝ биле „тешки од лични причини“, но додаде дека во 25-те години кариера како професионален новинар секогаш имала „чиста совест“ и се гордее со нејзиното „ригорозно и докажано работење“.
Таа сепак се извини за забуната која ја предизвика и додаде дека била искрена дека ќе ја нема некое време бидејќи заминува на одмор.
Извор: “Netpress.com.mk”