Референдумот пропаднал во една компонента, призна во интервју за англискиот сервис на Ал Џезаира, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски уривајќи ја позицијата на СДСМ за успешен референдум – објави “Инфомакс”.
Откако неговата изјава за успешен референдум беше прекината од новинарката која не сакаше да ја прифати неговата аргументација за 92 % гласови ЗА и со тоа успешен референдум, Пендаровски призна дека правно референдумот пропаднал, но дека постојат правни интерпретации на неговата партија што велат поинаку.
Подоцна Пендаровски зборува и за политичкиот контекс на референдумот и неговата политичка успешност и легимитет за власта но не негираше дека де факто тој е пропаднат.
Делот од разговорот со Пендаровски каде што тој признава дека од правен аспект референдумот е ништовен:
Извор: “Инфомакс”