Цените на нафтените деривати неделава се зголемија од еден денар до денар ипол, одлучи Регулаторната комисија за енергетика на седница.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се зголеми за 1,50 денари за литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемија за еден денар.
Согласно најновата одлука на РКЕ, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 68,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 70,50 ден/литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 61,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се зголеми за 1,612 ден/кг во однос на претходно утврдената цена така што новата цена на мазутот ќе биде 34,849 ден/кг.
Покачувањето на цените на бензините се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период. Нова цена не очекува во понеделник.