Експресниот пат Градско – Прилеп е приоритет за Владата и има големо економско и социјално значење за целиот регион, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој со директорот на претпријатието за Државни патишта Ејуп Рустеми денеска извши увид на работите на делницата Дреново-Фариш.
На екепресниот пат Градско-Прилеп досега се изградени по 35 отсто од двете делници Градско – Дреново и Дреново – Фариш, а патот во вредност од 64 милиона евра ќе биде готов до јули 2023.
Според Бочварски, надминати се сите проблеми со изградбата.
-На втората делница од Дреново до Фаришката клисура бележиме засилени градежни работи за доизградба на овој патен правец. Во соработка со ЈП за државни патишта успеавме да ги надминеме сите проблеми и сега имаме чиста траса на која во наредниот период очекуваме да има силна градежна активност. Вредноста за изградба на оваа делница е 33,3 милиони евра. Претходно беа реализирани 35 проценти а сега новиот изведувач компанијата „Синохидро“ има обврска да го доизгради преостанатиот дел. Крајниот рок е месец јули 2023 година, но моите очекувања се дека тоа може да се случи и порано, пред рокот. Ме охрабрува фактот што и првата делница од Градско до Дреново, изведувачот работи со макисмално темпо, така да очекувам овој експресен пат да биде финиширан средината на 2023 година, изјави Бочварски.
Од претходните фотосесии издвојуваме: