Силна експлозија ги вознемири жителите на улица Бидимаш во Прилеп. Вечерва околу 20 часот, изби пожар во еден од становите, причината е неофицијално експлозија на плинска боца.
Брзата интервенција на противпожарната екипа го спречи проширувањето на пожарот и на другите станови. Неофицијално маркукуле дознава дека повредени се 5 до 6 лица, како последица на експлозијата.
Видлива беше материјална штета на зградата во која се случи немилиот настан и искршено стакло на сите страни.
Ова е втора несреќа во само 3 дена во градот. Претходно изби пожар во зграда во центарот на градот.
Истрагата е во тек, полицијата е на лице место и ги согледува причините за несреќата.