На 20 и 21 мај во Приштина, Косово, се одржа 15-тиот Меѓународен боксерски турнир “Лах Нимани”.
Од Боксерскиот Клуб “АС” од Прилеп, боите на Македонија ги бранеше Матеј Чатлески, кој стигна до финалето на овој турнир.
-Во финалната борба Матеј загуби од искусниот Дејви Дони од Албанија. Борбата беше жестока и техничко тактички поткована од двете страни на боксерите. Се прикажа одлична борба со аплаузи од страна на публиката. На крајот Матеј Чатлески мораше да се задоволи со сребрениот медал – информираше тренерот на БК “АС”, Дарко Чатлески.