Oколу 18:30 часот, нова сообраќајна незгода се случи на црната клучка на излезот од Битола кон Прилеп.
Oд фотографиите кои ги добивме се гледа дека судрени се две возила, но не е познато дали покрај материјалната штета има повредени.
Ваквите несреќи на оваа клучка се честа појава, а неретко истите завршуваат со тешко повредени и загинати.
Возачите реагираат дека клучката не е добро обележана и не е осветлена, а честа причина е и неприлагодената брзина на условите на патот.