Со цел да се апелира до надлежните комунални служби побрзо да реагираат, а прилепчани да живеат во чист и среден град, од денеска на барање на граѓаните воведуваме нова рубрика: “Испрати слика или видео со комунален проблем”.
Граѓаните ќе можат во порака на Фејсбук, или на е-маил адресата [email protected], да ни испратат фотографии или видео и да пријават отпад, неискосена зелена површина, полни контејнери со отпад, нечиста улица и слично., а ние ќе апелираме преку објави на социјалните мрежи, се со цел комуналните служби и администрација да бидат поефикасни и во служба на граѓаните.