Нова раса на коњ во Прилеп – РЕЦИКЛАТОР

Летово повеќе граѓани реагираа до Маркукуле дека коњи и магариња се пуштени од нивните сопственици да пасат низ прилепските населби. Животните најчесто можат да се забележат во Типската населба, како и овој коњ кој е фотографиран во текот на вчерашниот ден.

Ќе го наречеме “рециклирач”, затоа што на зелена површина до него, тој муцката ја брцнал во котејнер. Шегата на страна, во Прилеп има голем број несовесни сопственици на домашни животни, кои без грам совест ги пуштаат да лутаат по улиците, без притоа да водат грижа дека истите можат да предизвикаат опасност во сообраќајот и штети врз приватните имоти.

На претходните објави, општина Прилеп преку комуналните инспектори реагираше со записник, а потоа ЈКП Комуналец Прилеп ги отстрани животните од јавните површини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.