Во Прилеп интензивно се работи на поставувањето нови тротоари и обележувањето на пешачки патеки. Новата бекатон пешачка патека е во должина од 350 м2 за која се потрошени 350 илјади денари од ЕЛС Прилеп.
Според градоначалникот Марјан Ристески, по барање на жителите од УЗ „Бончејца“ е направена пешачаката патека, а најголемата активност во пролетниот период ќе биде опфатен со комуналната програма делот за озеленување на површините, изградба на нови пешачки патеки, уредување на детските игралишта токму во УЗ „Бончејца“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.
Со поставувањето на бекатон плочки и изградба на нови пешачки патеки во повеќе делови од градот, се очекува значително да се олесни движењето на пешаците.
„Со овој инфраструктурен зафат започнавме и ќе продолжиме и понатаму. Во текот на оваа година е предвидена изградба на нови пешачки патеки на повеќе улици низ градот“, посочи Илија Карески, раководител на секторот за урбанизам во општина Прилеп.
Пешачката патека која се наоѓа во оваа урбана заедница покрај железничката пруга набрзо ќе биде и осветлена, а претставува главна врска со градот.