Нова пензионepcка тепачка во “Лидл”, овојпат во Лесковац: Летaa чадори по глава за евтини свински плешки (ВИДЕО)

Тепачка за евтини пилиња, стоење во редици четири часа за чоколадо од 50 динари, грабање за поевтини банани, борба за евтин шеќер, се само дел од сцените кои можеа да се видат во последните неколку години во супермаркетот Лидл во Лесковац.

Денеска во овој маркет е направена нова снимка на која муштериите, главно пензионери, се грабнаат за свинска плешка од 400 динари на акција, па дури почнуваат да си скокаат на главите, а се тепаа и со чадори.

„Работата е што не само што беше евтино, туку беше ограничено на само три килограми. Оваа слика е тажна и покажува колку „добро“ всушност живееме“, се коментарите на видеото од случката во маркетот Лидл.

Пред извесен период, во маркетот Лидл во Борча, исто така повозрасни граѓани, се тепаа за евтини ќебапи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.