По настапот на Евровизија во 2018-та, Eye Cue се фокусираа на музички настапи низ Европа и Австралија, а во изминатиот период Марија и Бојан активно работеа на нови проекти и соработки во Лондон.
За новата песна тие решиле да го спојат модерниот и современ звук со традиционалното, па направија одлична преработка на македонската „Јано Мори“.
За песната е изработен и видео спот во режија на Кристијан Шемко. Подготвена е и верзија со англиски текст која ќе се промовира на меѓународниот пазар следниот месец.
Уживајте во оваа маестрална преработка на македонската народна песна “Јано мори”: