Откако ги оставија да се запустат, сега ги засипаа и со земја….
Да, фонтаните кои ја красеа улицата “Димо Наредникот” во Прилеп повеќе ги нема, а причината за тоа не се знае.
Жално е што работи кои се направиле некогаш, некој не е способен да ги одржува, па со лопати земја се обидува да го скрие својот срам.
Парковите површини околу зградите на улицата “Димо Наредникот” беа изградени на задоволство на сите граѓани од оваа населба.
Околината која некогаш изгледаше запустена и руинирана, беше претворена во зелена оаза со фонтани, урбана опрема, езерце, уредени тревници….
Дали сега некој сака сето тоа да го врати во првобитна положба?!
Еве како пред години изгледаше ова место:
А еве и што се направи во изминатите години:
Се враќа ли ова место на старо?!